Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) 31 ГОДИНА ОД АТЕНТАТОТ ВРЗ КИРО ГЛИГОРОВ: уште се трага по сторителот
На 3 октомври се навршуваат 31 година од атентатот врз Киро Глигоров. Првиот претседател на независна Македонија го преживеа нападот, но сторителите не се откриени.

На 3 октомври 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Глигоров со тешки повреди на главата го преживеа нападот, кој беше извршен со автомобил-бомба во центарот на Скопје. На местото на настанот загина неговиот возач Александар Спировски, а повреден беше и телохранителот на тогашниот претседател, Илчо Теовски. Од последиците од ексгплозијата загина и Христо Христоманов, случаен минувач, додека повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски, исто така случајни минувачи.
Нападот врз Киро Глигоров бил добро испланиран и организиран
Истрагата утврдила дека атентатот бил добро испланиран и организиран, но повеќе од три децении подоцна сè уште нема официјален одговор кој стои зад нападот. Организаторите и извршителите никогаш не беа изведени пред лицето на правдата, а случајот остана една од најголемите нерасчистени мистерии во поновата македонска историја.
Атентатот и натаму без судски епилог
Нападот врз Глигоров се случи во период кога Македонија ги правеше првите чекори како независна држава. И покрај годините истраги и различните сведоштва и теории за можните мотиви и нарачатели, до денес нема правосилно утврден сторител. Атентатот останува нерасчистен, а прашањето кој го нарачал и организирал нападот и по 31 година останува без одговор.
