Свет

(ВИДЕО) ДРАМА НА ЛЕТОТ ДУБАИ – ТЕЛ АВИВ: Патниците врескаат, копилотот наводно се обидел да го урне авионот

(ВИДЕО) ДРАМА НА ЛЕТОТ ДУБАИ – ТЕЛ АВИВ: Патниците врескаат, копилотот наводно се обидел да го урне авионот

Вирални видеа се шират од авионски лет. Летот со број FZ1073 на Flydubai бил вистинска драма – се слушаат патници како врескаат во моменти на паника за време на инцидентот. Авионот летал од Дубаи кон Тел Авив, но бил пренасочен и безбедно слетал во Табук, Саудиска Арабија. Според израелски официјални лица, во пилотската кабина дошло до физичка пресметка, при што еден од пилотите е осомничен дека се обидел да преземе контрола над авионот и намерно да го урне.

Во текот на инцидентот авионот нагло изгубил височина, по што бил испратен и сигналот 7500, кој се користи при незаконско мешање или можна киднапирање. Поради ситуацијата, Израел испратил воени авиони за следење на леталото. Авионот на крајот безбедно слетал во Саудиска Арабија, а патниците биле безбедни. Случајот се истражува, а точните околности на инцидентот сè уште не се целосно утврдени.

Погледнете го видеото: