Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ДРЖАВНАТА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЧЕТВОРИЦА: Професорот Андоновски со маестрален говор при подигнувањето на наградата

Венко Андоновски, Димитар Пандев, Ѓулумсер Касапи и Владо Поповски се добитници на државната награда „11 Октомври“ за 2026 година. Андоновски го доби признанието за животно дело во културата и уметноста, а Пандев, Касапи и Поповски за животно дело во науката и образованието. При подигањето на наградата, Андоновски зборуваше за три „свети зборови“ – револуција, недостиг и врвот. „Секој од нас си проектира свој врв, но не би дошла идеја да се освои врвот ако не се живее во недостиг“, порача Андоновски. Неговата порака се однесуваше на стремежот на секој човек да достигне сопствен врв, но и на потребата од недостигот да произлезе желбата за промена и напредок. Државната награда „11 Октомври“ се доделува по повод Денот на народното востание и претставува признание за животно дело во областа на културата, уметноста, науката и образованието.
View this post on Instagram
Видео извор: Сител ТВ
