Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) МАКЕДОНСКАТА АРХЕОЛОГИЈА ПРЕД СВЕТОТ: Националниот музеј претставен во Абу Даби
Националниот археолошки музеј го претставува македонското археолошко наследство на Саемот на книгата во Абу Даби.

Македонското археолошко наследство претставено на саемот во Абу Даби
Националниот археолошки музеј учествува на Саемот на книгата во Абу Даби, како дел од македонското претставување на штандот организиран од Министерството за култура и туризам. Музејот е застапен со копии на дел од најзначајните предмети од својата археолошка колекција, како и со публикации преку кои меѓународната публика може да се запознае со богатството и разновидноста на македонското археолошко наследство. Учеството е реализирано на покана од претседателот на Арапскиот центар за јазици, Али Бин Тамим.
Подготвена и стручна презентација за посетителите
За учесниците и посетителите на саемот, д-р Александра Папазовска, кустос-советник во Националниот археолошки музеј, подготви стручна презентација посветена на дел од постојаната поставка на музејот. На македонскиот штанд учествува и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, со избор од својата збирка „Ориенталистика“. Штандот е збогатен и со други елементи од македонското културно наследство и туристичката понуда, а од музејот упатија благодарност до Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби и амбасадорот Абдулкадар Мемеди за поддршката и иницијативата за соработката.
