Македонија

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ СМУРУВА: Пензискиот систем е стабилен и одржлив, пензиите растат

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ СМУРУВА: Пензискиот систем е стабилен и одржлив, пензиите растат

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека пензискиот систем е стабилен и дека пензионерите не треба да се грижат. Одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна дека Владата и тој лично сметаат дека состојбата е „апсолутно стабилна и сигурна“. Мицкоски додаде дека актуелната Влада ги зголемила пензиите просечно повеќе од која било друга Влада во историјата на независна Македонија.

Тој посочи дека доколку во иднина има поинакви политики, јавноста ќе биде информирана. „Парите се тука, но треба да се пронајдат онаму каде што се злоупотребуваат и да се насочат онаму каде што тие пари се потребни“, рече Мицкоски. Неговата изјава доаѓа откако директорот на ПИОМ, Никола Мемов, изјави дека пензискиот систем се соочува со растечки дефицит и дека за исплата на пензиите недостигаат околу 500 милиони евра.