Македонија
Дознај прв
ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ИСТЕКУВА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ГРУБИ: Нуди имот вреден 335.707 евра да му го вратат пасошот

Куќниот притвор на Артан Груби истекува на 13 октомври, согласно законските рокови, информира Кривичниот суд. Обвинителниот предлог во предметот бил поднесен на 13 август, а според Законот за кривичната постапка, во вакви случаи притворот може да трае најмногу 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог.
Од Судот појаснуваат дека и по истекот на куќниот притвор ќе продолжи да важи мерката за привремено одземање на патната исправа и забраната за издавање нова исправа за преминување на државната граница. Одбраната на Груби побарала и оваа мерка да биде укината и наместо неа да биде определена гаранција. Како гаранција дека Груби ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка, понуден е недвижен имот во вредност од 335.707 евра. За предлогот е оформен посебен предмет кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство. По добивањето на мислењето, за понудената гаранција ќе одлучува Кривичниот совет.
