Македонија

(ВИДЕО) „МОЖЕ, МОЖЕ, МОЖЕ“ ЕЧЕШЕ ВО ОХРИД: „Дупер“ настапија на големиот концерт на Слаткаристика

Бендот „Дупер“ беше дел од големиот концерт на Слаткаристика, кој се одржа на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

(ВИДЕО) „МОЖЕ, МОЖЕ, МОЖЕ“ ЕЧЕШЕ ВО ОХРИД: „Дупер“ настапија на големиот концерт на Слаткаристика

Бендот „Дупер“ беше дел од големиот концерт на Слаткаристика, кој се одржа на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Пред публиката тие изведоа дел од своите песни, а меѓу нив и еден од нивните најголеми хитови – „Може, може, може“. „Дупер“ и Слаткаристика неодамна ја објавија и заедничката песна „Ок“, која стана еден од домашните хитови ова лето. Бендот беше меѓу најавените гости на концертот, заедно со Тони Зен, Тајзи, „Зи Бомб“ и „Некст тајм“. Концертот се одржа по повод одбележувањето 20 години од музичката кариера на Слаткаристика. Настапот на „Дупер“ беше и најава за нивниот самостоен концерт во Охрид. Бендот на 5 август првпат ќе настапи во Античкиот театар, каде ќе ги изведе своите познати и понови песни.