Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) СТРАШНИ ГУЖВИ: Колона од четири километри, со часови се чека за влез во Грција
Според информациите од терен, колоната автомобили е долга околу четири километри, а граѓаните чекаат со часови за да ја поминат границата

Огромни гужви се создадени на граничниот премин Дојран за влез во Грција. Според информациите од терен, колоната автомобили е долга околу четири километри, а граѓаните чекаат со часови за да ја поминат границата. Голем број македонски државјани утрово се упатиле кон грчките туристички места, поради што сообраќајот е значително зголемен. Возилата се движат бавно, а колоната постојано се зголемува. Дел од патниците велат дека долго време речиси и воопшто не се поместуваат. Се очекува метежот да продолжи и во текот на денот поради големиот број туристи. На возачите им се препорачува трпение, доволно гориво и вода, како и навремено информирање за состојбата на другите гранични премини.
