Македонија

ЖЕШТИНИ НАД 40 СТЕПЕНИ: ИЈЗ објави препораки за заштита на здравјето

ИЈЗ објави важни препораки за заштита од топлотниот бран и температурите над 40 степени – избегнувајте сонце од 11 до 17 часот.

ЖЕШТИНИ НАД 40 СТЕПЕНИ: ИЈЗ објави препораки за заштита на здравјето

Поради најавените температури над 40 Целзиусови степени, Институтот за јавно здравје повторно ги повика граѓаните внимателно да ги почитуваат препораките за заштита од жештините. Од ИЈЗ советуваат да се избегнува директно изложување на сонце и физичка активност на отворено од 11 до 17 часот, кога сончевото зрачење е најсилно. При престој надвор треба да се носат лесна и светла облека, капа со широк обод и заштитни очила.

Редовно внесувајте вода

Граѓаните треба редовно да пијат вода, без да чекаат да почувствуваат жед, а да избегнуваат алкохол, прекумерно количество кофеин, многу ладни пијалаци и тешка храна. Од Институтот препорачуваат прозорците и ролетните да се држат затворени во текот на денот, додека просториите треба да се проветруваат навечер, кога температурите се пониски. За разладување може да помогнат туширањето со млака вода и ставањето ладни облоги.

Посебно внимание за ранливите граѓани

ИЈЗ предупредува дека деца, повозрасни лица и домашни миленици никогаш не треба да се оставаат во паркирани автомобили, бидејќи температурата во возилото може брзо да достигне опасно ниво. Лицата со хронични кардиоваскуларни, белодробни или невролошки заболувања треба редовно да ја земаат терапијата и при промена на здравствената состојба веднаш да се обратат кај својот матичен лекар.

ОЗНАКИ: ИЈЗ
Жан Митрев