Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) „ЗАРАДИ ВАКВИ ИДИОТИ ГИНАТ ЦЕЛИ ФАМИЛИИ“: Опасно претекнување на регионален пат предизвика жестоки реакции

На социјалните мрежи се шири видео од опасно претекнување на регионален пат во Македонија. На снимката се гледа како возач претекнува преку полна линија и директно ги загрозува другите учесници во сообраќајот. Според објавеното видео, во автомобилот што се движи од спротивната насока се наоѓало цело семејство. Евидентно е дека возилото што претекнува има битолски регистарски таблички. Снимката предизвика жестоки реакции и коментари од граѓаните, кои бараат МВР да реагира. Тие предупредуваат дека поради вакво несовесно однесување може да настрадаат невини луѓе. Случајот повторно ја отвори и дебатата дали треба законски да се дозволи и регулира користењето камери во автомобилите што го снимаат сообраќајот пред возилото.
View this post on Instagram
