Македонија
Дознај прв
НЕ МОЖЕТЕ ДА СПИЕТЕ ОД ГОЛЕМИТЕ ГОРЕШТИНИ? ИЈЗ СО СОВЕТИ КАКО ПОЛЕСНО ДА ГИ ПОМИНЕТЕ ЖЕШКИТЕ НОЌИ
ИЈЗ со практични совети како полесно да спиете во топлите летни ноќи, од разладување на просторијата до правилна хидратација.

Како полесно да се спие во топлите ноќи
Високите температури не го отежнуваат само престојот во текот на денот, туку можат сериозно да влијаат и врз квалитетот на сонот. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат просторијата во која се спие да биде што е можно поладна и добро проветрена. Во текот на денот прозорците и ролетните треба да се затворат за да не навлегува дополнителна топлина, а проветрувањето да се прави во поладните вечерни и утрински часови. Се препорачува и користење лесна постелнина и облека од природни материјали.
Внимавајте на хидратацијата
Особено важно е во текот на денот да се внесува доволно течност, бидејќи високите температури го зголемуваат ризикот од дехидратација. Пред спиење може да помогне туширање со млака вода, додека треба да се избегнуваат тешки оброци, алкохол и поголеми количества кофеин во вечерните часови. Доколку се користи клима-уред, не треба просторијата да се разладува до прениска температура, а студениот воздух директно да дува кон телото. Особено внимание треба да се посвети на децата, повозрасните и лицата со хронични заболувања, кои потешко ги поднесуваат високите температури.
