Македонија

НЕВРЕМЕТО СЕ ВРАТИ: Пороен дожд, грмежи и град, температурите ќе паднат

Денеска променливо облачно и нестабилно време во Македонија со пороен дожд, грмежи, силен ветер и можност за град. Температурите до 37 степени.

НЕВРЕМЕТО СЕ ВРАТИ: Пороен дожд, грмежи и град, температурите ќе паднат

Денеска променливо и нестабилно

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално временските процеси може да прераснат во невреме, со силен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе опаднат за неколку степени, а максималните ќе достигнат од 30 до 37 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој на места повремено ќе засилува.

Во Скопје до 36 степени

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура до 36 степени. И во текот на утрешниот ден и во петок се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално е можно и невреме со град. За време на викендот се очекува стабилизација на времето, проследена со повторен пораст на дневните температури.

ОЗНАКИ: МЕТЕО