Свет

(ВИДЕО) 160 КИЛОМЕТРИ БЕЗ СОН И ОДМОР: Полјак за прв пат го преплива Балтичкото Море од Шведска до Полска

Бартломеј Кубковски преплива повеќе од 160 километри низ Балтичкото Море за околу 55 часа, без сон, одмор и допирање на придружниот брод.

(ВИДЕО) 160 КИЛОМЕТРИ БЕЗ СОН И ОДМОР: Полјак за прв пат го преплива Балтичкото Море од Шведска до Полска

Полскиот ултрамаратонски пливач Бартломеј Кубковски испиша историја откако го заврши препливувањето на Балтичкото Море од Шведска до Полска. Тој поминал повеќе од 160 километри за околу 55 часа непрекинато пливање, без спиење, одмор и допирање на придружниот брод. Кубковски тргнал од шведскиот брег во петокот, а во неделата вечерта пристигнал на плажата во полскиот град Џивнув, каде го пречекала голема толпа граѓани. Станува збор за неговиот петти обид да ја оствари целта на која ѝ посветил повеќе години од својот живот.

Исцрпеност и халуцинации во морето

За време на вториот ден од пливањето, Кубковски почувствувал екстремна исцрпеност и имал халуцинации поради долгото останување во водата и недостигот од сон. По излегувањето од морето признал дека сè уште не може целосно да сфати дека успеал да го заврши историскиот подвиг. Во текот на целата рута бил придружуван од стручен тим, но според правилата не смеел да го допре бродот или да се качи на него.

Минатата година загубил свест пред целта

Кубковски беше исклучително блиску до успех и во 2025 година, кога за околу 55 часа преплива 159 километри, но загуби свест на само 11 километри од полскиот брег. Тој претходно имаше уште три неуспешни обиди, прекинати поради лоши временски услови, силни морски струи и здравствени проблеми. Официјалната страница на проектот „Ultra Baltic Swim“ наведува дека петтиот обид требало да биде неговиот последен и дека целото пливање е посветено на децата поддржани од фондацијата „Cancer Fighters“.