Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) НЕСОВЕСЕН ГРАЃАНИН ФРЛИ ОТПАД ВО РЕКА ПЕНА: ЈКП Тетово го осуди случајот
ЈКП Тетово објави видео на кое се гледа несовесен граѓанин кој фрла отпад во реката Пена

НЕСОВЕСЕН ГРАЃАНИН ФРЛИ ОТПАД ВО РЕКА ПЕНА: ЈКП Тетово го осуди случајот
ЈКП Тетово објави видео на кое се гледа несовесен граѓанин кој фрла отпад во реката Пена. Од претпријатието го осудија ваквото однесување, оценувајќи го како неодговорно и незаконско. Според нив, со фрлањето отпад се нанесува штета на животната средина и на јавниот простор. „Чувајте го градот – животната средина е одговорност на сите“, порачаа од ЈКП Тетово. Од таму апелираат граѓаните да не ја загадуваат реката и јавните површини. Случајот повторно го отвора прашањето за одговорноста на граѓаните кон околината и Тетово
