Свет

(ВИДЕО) НОВ БРАН НАСИЛСТВА ВО ГЕРМАНИЈА: Ограбени продавници, запалени барикади и судири со полицијата

(ВИДЕО) НОВ БРАН НАСИЛСТВА ВО ГЕРМАНИЈА: Ограбени продавници, запалени барикади и судири со полицијата
Немирите во Германија викендов се проширија во повеќе градови, каде демонстранти ограбувале продавници, палеле барикади и се судриле со полицијата. Според министерот за внатрешни работи на Хесен, Роман Позек, за време на немирите во Франкфурт на Мајна биле оштетени 17 продавници, од кои пет биле ограбени. Полицијата привела 54 лица на возраст од 13 до 29 години, а околу 100 полицајци биле повредени, од кои еден потешко. Немири биле регистрирани и во Хамбург и Келн, каде биле палени барикади, кршени излози и ограбувани продавници.
Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт насилството го поврза со радикални левичарски групи и хулигани, најавувајќи строги казни за учесниците во грабежите. Насилството продолжило и по главниот ден на протестите, па така на 1 ноември во берлинската населба Меркишес Фиртел околу 120 лица два часа фрлале петарди, камења и молотови коктели кон полицијата. Иницијативата „Gen Z regelt“ најави дека следната акција ќе ја одржи на 20 ноември во Германија.

Хаос имаше низ цела Европа претходниве денови.

(ВИДЕО) ТОТАЛЕН ХАОС ВЕЧЕРВА ВО ФРАНЦИЈА: Ултрасите на Ница се судрија со Антифа и мигранти