Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД ГИ НАПОЛНИ ГРАНИЦИТЕ: Редици автомобили кон Грција уште во 04:30 часот
Долги редици автомобили се создадени на ГП Богородица кон Грција уште од 04:30 часот. За премин во моментов се чека по неколку часа.

Гужвите на граничните премини започнаа уште во раните утрински часови, а најголем метеж има на ГП Богородица кон Грција. Видеото што пристигна до редакцијата на 24часа е снимено во 04:30 часот и покажува долга редица автомобили кои чекаат за премин. Според информациите, во моментов на Богородица се чека по неколку часа. Раздвижено е и на останатите гранични премини, каде што исто така има зголемен број патници. Големиот број граѓани го искористија продолжениот викенд по повод празникот Илинден за патување надвор од државата. Надлежните апелираат возачите да бидат трпеливи и да сметаат на подолго задржување на граничните премини.
Погледнете каква била состојбата утрово во 4:30 часот:
View this post on Instagram
