Македонија

ГОЛЕМ ЗАСТОЈ КОН ОХРИД: Сообраќајка кај Другово, на местото пристигнати се повеќе амбулантни возила

Големи колони се создадени на патот Скопје – Охрид по сообраќајна несреќа кај Другово. Дел од возачите се пренасочуваат преку Битола.

ГОЛЕМ ЗАСТОЈ КОН ОХРИД: Сообраќајка кај Другово, на местото пристигнати се повеќе амбулантни возила

Големи гужви и застој се создадени на патот Скопје – Охрид, по сообраќајна несреќа во близина на кичевското село Другово. Граѓани кои се наоѓаат на местото за 24часа јавуваат дека веројатно станува збор за потешка сообраќајка, бидејќи пристигнале повеќе амбулантни возила. На делницата по Кичево се формирани долги колони, а дел од патниците подолго време чекаат сообраќајот да се нормализира. Поради застојот, некои возачи одлучуваат да користат алтернативни правци кон Охрид. Дел од нив се пренасочуваат преку Битола за да го избегнат блокираниот дел од патот. Засега нема официјални информации за причините за несреќата и за евентуално повредени лица.