Скопје

(ВИДЕО) ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ: Со порака „Ниту една повеќе – не се откажуваме!“ се бара крај на фемицидите

Во Скопје се одржува протестниот марш „Ниту една повеќе: не се откажуваме!“, со почеток од паркот „Жена борец“ и завршница пред МВР.

(ВИДЕО) ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ: Со порака „Ниту една повеќе – не се откажуваме!“ се бара крај на фемицидите

Во Скопје е во тек нов протестен марш против фемицидите и насилството врз жените, под мотото „Ниту една повеќе: не се откажуваме!“. Протестот се одржува на денот кога започнуваат 16-те дена активизам за борба против родово базираното насилство. Учесниците се собраа во паркот „Жена борец“, пред Собранието, од каде маршот продолжи кон Министерството за внатрешни работи.

Протест од паркот „Жена борец“ до МВР

Организаторите и учесниците преку маршот испраќаат порака против зачестените случаи на насилство врз жените и фемициди во земјата. Предвидено е протестот да заврши пред Министерството за внатрешни работи.

„Ниту една повеќе“ – повик за институционална одговорност

Со мотото „Ниту една повеќе: не се откажуваме!“, организаторите порачуваат дека борбата против насилството врз жените продолжува. Протестот е дел од активностите што се организираат во рамки на 16-те дена активизам, со барање за посериозен пристап кон спречувањето на родово базираното насилство.

Жан Митрев