Магазин
Дознај прв
(ВИДЕО) ПРВИОТ СНЕГ ПАДНА НА СТРАЖА: Возачите да внимаваат на планинските патишта
Првиот снег провејува на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка. Снегот засега не се задржува на коловозот, но се препорачува внимателно возење.

Првитеот снег за оваа година вечерва го зафати планинскиот превој Стража, на патниот правец Гостивар – Кичево. Снег провејува и во повисоките предели во западниот дел на Македонија, а најинтензивни врнежи се регистрирани на Попова Шапка.
Снегот засега не се задржува на коловозот
Според информациите од возачите кои поминале низ превојот Стража, снегот засега не се задржува на коловозот, поради што сообраќајот се одвива без поголеми проблеми.
Се препорачува зголемена внимателност
Првиот снег падна на Стража. Поради променливите временски услови и пониските температури на планинските делници, на возачите им се препорачува да бидат особено внимателни при движењето низ превојот и да ја приспособат брзината на условите на патот.
