Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) РТС СЕ ИЗВИНИ НА ГЛЕДАЧИТЕ: „Ова е првиот чекор кон оздравување на РТС“
Новиот уредувачки колегиум на РТС им се извини на гледачите и најави работа во јавен интерес. Повеќе уредници се разрешени, а директорката поднесе оставка.

Новиот уредувачки колегиум на информативната програма на Радио-телевизија Србија (РТС) вечерва им се извини на гледачите, оценувајќи дека тоа е првиот чекор кон закрепнување на јавниот сервис. Извинувањето беше прочитано во централната информативна емисија „Дневник 2“, со порака дека медиумот сака повторно да ја стекне довербата на јавноста.
РТС – „Сакаме повторно да ја стекнеме вашата доверба“
„Ова првично извинување е упатено до сите оние кои во блиското минато беа занемарени или исклучени. Пред нас е работа на програмските содржини – сè во јавен интерес. Сакаме повторно да ја стекнеме вашата доверба“, се наведува во соопштението на новиот уредувачки колегиум. Претходно денеска беше објавено дека повеќе уредници во информативната програма на РТС се разрешени од своите функции.