Македонија

(ВИДЕО) САМО ДВАЕСЕТИНА ГОСТИВАРЦИ НА ПРОТЕСТ: Бараат одговорност по масовното труење на околу 3.100 жители

Само дваесетина граѓани протестираа пред „Комуналец“ во Гостивар, барајќи одговори и одговорност по труењето на околу 3.100 жители.

(ВИДЕО) САМО ДВАЕСЕТИНА ГОСТИВАРЦИ НА ПРОТЕСТ: Бараат одговорност по масовното труење на околу 3.100 жители

Едвај дваесетина граѓани денеска излегле на протест пред ЈП „Комуналец“ во Гостивар, откако околу 3.100 жители побарале здравствена помош поради стомачни тегоби.

Протестот немал официјален организатор, ниту говори, а присутните побарале одговори и одговорност за состојбата поради која во градот беше прогласена епидемија. Дел од граѓаните изразиле разочараност од слабиот одѕив, посочувајќи дека проблемот ги засега сите жители на Гостивар.

Граѓаните прашуваат зошто нема поголем одѕив

Една од присутните гостиварки изјавила дека очекувала на протестот да се појават многу повеќе граѓани, бидејќи водата не може да се користи ниту за туширање, ниту за миење садови.

Присутните побарале надлежните институции да утврдат што точно се случило и кој е одговорен за масовните здравствени проблеми. Тие изразиле загриженост и за функционирањето на рестораните и кафулињата, доколку водата од градскиот водовод не е безбедна за употреба.

Резултатите од анализите сè уште не се објавени

Анализите на водата од градскиот водовод се завршени, но здравствените власти соопштија дека не можат да ги објават резултатите без согласност од Обвинителството, кое го истражува случајот.

Во меѓувреме, полицијата ја приведе в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, како и шефот на „Водовод и канализација“ и техничкиот директор на претпријатието.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека локалната власт треба да понесе морална одговорност, додека градоначалникот Валбон Лимани изјави дека не чувствува лична одговорност и повика случајот да не се злоупотребува.

ОЗНАКИ: Гостивар
Жан Митрев