Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) ТЕШКА НЕСРЕЌА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА: Километарски колони кај Мирковци, блокирани три клучки

Голем сообраќаен метеж вечерва е забележан на скопската обиколница по тешка сообраќајна несреќа во близина на селото Мирковци. Според првичните информации, во правец кон Тетово се формирале колони возила долги неколку километри. Поради несреќата, блокирани се клучките кај Стајковци, Радишани и Мирковци, што дополнително го отежнува сообраќајот. Возачите кои се движат кон Ѓорче Петров, Волково и Тетово се советуваат да го избегнуваат овој дел од обиколницата. Како можна алтернативна насока се посочува клучката Бутел, доколку сообраќајот таму е прооден. Засега нема официјални информации за причините за несреќата, бројот на возила што учествувале или евентуално повредени лица. Се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции.
Погледнете го видеото од групата Инфо сообраќај на Вибер:
View this post on Instagram

