Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) Тежок пожар во Струмица: Евакуирани жители, две жени хоспитализирани
Околу 15 часот на потегот меѓу селата Баница, Водоча и Софилари, избил сериозен пожар на отворено кој брзо се шири и ги загрозува првите куќи.

Пожар во Струмица
Околу 15 часот на потегот меѓу селата Баница, Водоча и Софилари, избил сериозен пожар на отворено кој брзо се шири и ги загрозува првите куќи. Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, информира дека огнот зафатил една куќа, од која пожарникарите спасиле две жени. Тие не се повредени, но поради вдишување чад биле пренесени во струмичката болница со екипа на Итната медицинска помош. Поради опасноста од пожарот, било неопходно и присилно да се евакуираат жители, откако една жена одбила да ја напушти својата викендичка. На терен се екипи на ТППЕ Струмица, ТППЕ Радовиш, ТППЕ Валандово, ТППЕ Гевгелија и ДПД „Турија Кристал“ од Василево. Огнот и натаму претставува сериозна опасност за објектите во близина.
View this post on Instagram
