Македонија

ВОДАТА ВО КРУШЕВО Е БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНА: За пиење да се користи само пакувана вода

Во водата во Крушево се пронајдени бактерии од цревно потекло, а граѓаните се советуваат за пиење да користат само пакувана вода.

ВОДАТА ВО КРУШЕВО Е БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНА: За пиење да се користи само пакувана вода

Пронајдени бактерии од цревно потекло

Водата од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна, соопшти Центарот за јавно здравје – Прилеп. При редовната контрола на квалитетот и безбедноста било утврдено отсуство на резидуален хлор и присуство на бактерии од цревно потекло. За состојбата веднаш биле известени надлежните државни институции и раководството на ЈКП „Комуна“ – Крушево. На жителите им се препорачува за пиење да користат исклучиво пакувана вода. Водата од водоводот може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна и миење садови само откако ќе се преврие најмалку десет минути.

Не се безбедни ниту две крајпатни чешми

Препораките ќе важат сè додека анализите не покажат три последователни исправни примероци од водата. Испитувањата направени на 20 јули покажале бактериолошка неисправност и кај крајпатните чешми „Бензинска пумпа“ и „Св. Петка“. Од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека водата од овие чешми исто така не треба да се користи за пиење. Надлежните најавија постојана комуникација со институциите и редовно информирање на јавноста за резултатите од новите испитувања. Проблеми со бактериолошката исправност на водата во Крушево биле регистрирани и во текот на минатото лето.

ОЗНАКИ: крушево