Македонија
Дознај прв
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Топло до 38 степени, попладне пороен дожд, грмежи и невреме
Денеска ќе биде сончево и топло до 38 степени, а попладне и навечер се очекуваат пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

До 38 степени во најтоплите делови
Највисоки температури од 38 степени се очекуваат во делови од централна и источна Македонија. Во западните и југозападните подрачја максималните температури ќе бидат нешто пониски, но и таму ќе преовладува топло време. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, со повремени засилувања.
Во Скопје попладне можни грмежи
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне околу 38 степени.
