Македонија
Дознај прв
ВРЕМЕТО НЕДЕЛАВА: Претпладне топло, попладне услови за дожд и грмежи
Времето неделава ќе биде топло претпладне, а попладне ќе има услови за локален дожд, грмежи и засилен ветер, особено во вторник.

Сончево, но со можна нестабилност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност.
Според УХМР, на места е можен пороен дожд со грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од 9 до 19 степени, а максималните ќе достигнат од 26 до 34 степени.
Во Скопје до 32 степени
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 32 степени.
До крајот на работната седмица и почетокот на викендот, претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и грмежи, особено во вторник.
Дневната температура ќе биде во пораст.
