Магазин
Дознај прв
ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО DIVE KIDS CLUB SKOPJE: Место каде децата растат низ спорт, игра и дружење

Во ера на мобилни телефони, лаптопи и таблети, во Скопје се отвора нов спортски центар наменет за деца од 3 до 16 години. Dive Kids Club Skopje нуди тренинзи два пати неделно во модерна и опремена сала, како и дополнителни активности прилагодени на временските услови и периодот од годината. Дел од активностите се организираат во интересен формат, како што летово беа реализирани активности инспирирани од Олимписките игри.
Dive Kids Club Skopje е наменет и за развој на моториката кај најмалите, особено децата од 3 до 8 години. Вежбите и групите се прилагодени според возраста, со посебно внимание на чистотата и хигиената. Тимот го сочинуваат млади и подготвени лица од областа на спортот и психологијата, меѓу кои поранешен фудбалер и психолог, кои со голем ентузијазам работат со децата.
Од 24 до 31 август започнува пробна недела, а првиот тренинг е бесплатен. Родителите кои сакаат нивните деца да поминуваат повеќе време во движење, спорт и дружење, можат да ги пријават во DIVE KIDS CLUB или да го искористат бесплатниот пробен тренинг и да се запознаат со програмата. Клубот се наоѓа во Тафталиџе, на улица Прашка 21/2, веднаш до НОВА. Се гледаме на тренинг!
View this post on Instagram
