Свет
Дознај прв
ЗАТВОРЕНИ СИТЕ АЕРОДРОМИ ВО МОСКВА: Дронски напад на градот, летовите се пренасочуваат

Сите аеродроми во Москва се соочуваат со привремени ограничувања поради напад со беспилотни летала врз градот, а дел од летовите се пренасочуваат кон други аеродроми. Руската Федерална агенција за воздушен сообраќај соопшти дека мерките се воведени на аеродромите Домодедово, Внуково, Жуковски и Шереметјево, а затворен е и аеродромот во Јарослављ. Според руските власти, бројот на соборени беспилотни летала постојано расте, а градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во текот на вечерта редовно информира за нови соборувања.
Руската агенција Интерфакс во своите извештаи објави дека бројката достигнала најмалку 194 соборени дронови, а подоцна биле пријавени и дополнителни пресретнувања. За нападите и последиците врз воздушниот сообраќај известува и Ројтерс, додека авиокомпаниите се принудени да ги менуваат распоредите на летови.
Ројтерс потврдува дека аеродроми во Москва се затворени, а градоначалникот Собјанин соопштил за 613 дронови насочени кон московскиот регион во текот на ноќта. Поради безбедносните ограничувања, патниците се соочуваат со доцнења и неизвесност околу продолжувањето на воздушниот сообраќај.
