Македонија
Дознај прв
ЖЕШКО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Температури до 40 степени
Во Македонија следува сончево и многу топло време со температури до 40 степени. Од вторник се очекуваат пороен дожд, грмежи и ветер.

Сончево и многу топло време ќе преовладува во Македонија во текот на викендот и на почетокот од следната недела, а дневните температури во одредени делови од земјата ќе достигнат до 40 Целзиусови степени.
Во сабота, 18 јули, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека максималните ќе достигнат од 33 до 39 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Во Скопје до 38 степени
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени, а попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.
Во недела и понеделник ќе се задржи многу топло време, при што температурата локално ќе достигне до 40 степени. И во овие денови попладне ќе постојат услови за краткотрајна нестабилност.
Од вторник нестабилно и посвежо
Промена на времето се очекува во вторник, кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во среда ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе се намалат за неколку степени.
