Магазин

(ВИДЕО) МАЛИОТ СЕ ОБИДЕ ДА ГО „ПОТКУПИ“ СУДИЈАТА: Му нудеше пари додека траеше ВАР-проверката

Додека судијата ја прегледуваше спорната ситуација со помош на ВАР, мало момче од трибините му покажа пари

(ВИДЕО) МАЛИОТ СЕ ОБИДЕ ДА ГО „ПОТКУПИ“ СУДИЈАТА: Му нудеше пари додека траеше ВАР-проверката

Урнебесен момент беше забележан на натпреварот од американската МЛС-лига меѓу Сент Луис Сити и Спортинг Канзас Сити.

Додека судијата ја прегледуваше спорната ситуација со помош на ВАР, мало момче од трибините му покажа пари, обидувајќи се на шеговит начин да го убеди да не досуди прекршок против Сент Луис.

Сцената ги насмеа присутните на стадионот, а видеото брзо стана хит на социјалните мрежи.