Македонија
Дознај прв
МЕЧКА УГИНА НА АВТОПАТОТ СКOПЈЕ–ТЕТOВО: Автомобил удрил во неа
Мечка угинала на автопатот Скопје–Тетово откако во неа удрил автомобил

Мечка настрадала во судир со возило
Мечка угина откако во неа удри патничко возило на автопатот Скопје-Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 23 октомври околу 22:15 часот во СВР Скопје. Возило „волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишен жител на Гостивар, удрило во дивото животно.
Ветеринар од Зоолошката градина Скопје констатирал дека мечката е угината. На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.

