Македонија
Дознај прв
ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО СЕВЕРЕН ВЕТЕР: Во петок и за викенд се очекува дожд
Променливо облачно време со утринска магла и северен ветер над 50 километри на час долж Повардарието. Во петок и за викенд се очекуваат врнежи од дожд.

Утринска магла во котлините, ветер над 50 километри на час долж Повардарието
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе надминува 50 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 5 до 11 степени, додека максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени.
Во Скопје максимална температура до 16 степени
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 16 степени. Од вторник се очекува променливо облачно и претежно стабилно време, со северен ветер кој во понеделник и вторник наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Во петок и за време на викендот повторно ќе има услови за врнежи од дожд.
