Македонија

ЛИЧНАТА КАРТА И ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН: Од четврток почнува примената на електронскиот паричник -м.Услуги

Од четврток почнува примената на електронскиот паричник „м.Услуги“. Граѓаните ќе можат дигитално да ги користат личната карта и возачката дозвола.

ЛИЧНАТА КАРТА И ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН: Од четврток почнува примената на електронскиот паричник -м.Услуги

Граѓаните од четврток ќе можат да ги имаат личната карта и возачката дозвола во дигитална форма на својот мобилен телефон. Официјалната промоција на апликацијата „м.Услуги“ е закажана за среда, 28 октомври, а со неа започнува нов чекор во дигитализацијата на државните услуги. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека апликацијата е развивана со посебен акцент на безбедноста и заштитата на личните податоци.

Граѓаните сами ќе избираат кои податоци ќе ги споделат на мУслуги

Една од главните предности на електронскиот паричник е можноста корисниците да одлучуваат кои лични податоци ќе ги споделат при идентификација. На пример, при легитимирање во банка, бар или друг локал, нема да мора да ги откриваат сите информации од физичката лична карта. Податоците ќе се споделуваат преку QR-код за еднократна употреба, кој истекува по 10 до 15 секунди и не може повторно да се користи.

Почеток на поширока дигитализација

Апликацијата „м.Услуги“ е замислена како почетен чекор кон воведување европски дигитален паричник, преку кој граѓаните ќе можат да пристапуваат до повеќе документи и услуги од мобилниот телефон. Според најавите на Андоновски, во иднина се очекува постепено додавање нови функционалности и документи, со цел државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење.