Македонија
Дознај прв
ВОДАТА ВО СКОПЈЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ: Сите испитани примероци ги исполнуваат стандардите
Сите 320 примероци вода земени од 47 мерни места во Скопје ги исполнуваат стандардите за безбедност и квалитет, покажува извештајот на „Водовод и канализација“.

Водата ги исполнува сите стандарди
Водата за пиење во Скопје ги исполнува пропишаните стандарди за безбедност и квалитет, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во периодот од 13 до 16 октомври, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 320 примероци од 47 мерни места низ градот. Од нив, 160 примероци биле наменети за физичко-хемиска, а 160 за микробиолошка анализа. Резултатите покажале дека сите испитани примероци ги исполнуваат барањата утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Контролите продолжуваат низ градот
Од ЈП „Водовод и канализација“ посочуваат дека редовните лабораториски анализи се спроведуваат со цел да се следи квалитетот на водата и граѓаните навремено да бидат информирани за нејзината безбедност. Испитувањата опфаќаат физичко-хемиски и микроб
иолошки параметри, а резултатите се оценуваат според важечките прописи.
