Македонија
Дознај прв
ШИРЕЊЕТО ПАНИКА ЗА СКОПСКАТА ВОДА МОЖЕ ДА СЕ КАЗНИ: Од парична глоба до затвор
Ширењето лажни информации за скопската вода може да повлече кривична или прекршочна одговорност, со казни од парична глоба до затвор.

Можна и кривична одговорност
Ширењето лажни информации за наводно загадена вода во Скопје, кои предизвикаа паника меѓу граѓаните, може да повлече и правна одговорност. Според Кривичниот законик, член 205 предвидува парична казна или затвор до шест месеци за оној што со лажна закана или невистинити тврдења за заразна болест ќе ја загрози сигурноста на друг. Во конкретниот случај, официјалниот лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје покажал нула присуство на штетни бактерии, со што биле демантирани тврдењата за небезбедна вода. Полицијата веќе повикала повеќе лица на информативен разговор, а Јавното обвинителство ја следи ситуацијата по допрен глас.
Можни и прекршочни санкции
Покрај кривичната, можно е да се утврдува и прекршочна одговорност доколку со лажното алармирање се наруши јавниот ред и мир или се создаде несигурност кај граѓаните. Законот за прекршоците против јавниот ред и мир опфаќа однесување со кое се нарушува вообичаениот начин на живеење, се загрозува безбедноста или се попречува работата на институциите. Доколку истрагата покаже дека дезинформациите потекнувале од лица кои ја злоупотребиле службената положба, може да се разгледува и дополнителна кривична одговорност. Сепак, за евентуална санкција ќе треба да се утврдат конкретните околности, намерата и одговорноста на лицата кои ги ширеле информациите.
