Регион
Дознај прв
ВО ГРЦИЈА 45 НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Бројот на заразени достигна 110, девет лица починаа
Во Грција се регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени достигна 110. Досега починале девет лица.

Расте бројот на заразени
Во Грција во текот на изминатата недела се регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број заразени од почетокот на летото достигна 110. Од нив, 81 пациент имал симптоми поврзани со централниот нервен систем, како енцефалитис, менингитис или акутна парализа. Од почетокот на летото починале девет лица заразени со вирусот, сите постари од 65 години, со просечна возраст од 82 години.
Најмногу случаи во Атика
Најголем дел од случаите, вкупно 77, се регистрирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина, додека останатите се во Тесалија, северна Грција и на Пелопонез. Поради зголемувањето на бројот на заразени во Атика, надлежните најавија за 30 отсто зголемени активности за сузбивање на комарците, вклучително и дополнителни прскања од копно и воздух. Првиот случај за оваа сезона во Грција бил регистриран на почетокот на јули. Вирусот Западен Нил го пренесуваат комарци и во Грција е присутен во летниот период од 2010 година.
