Македонија
Дознај прв
(ФОТОГАЛЕРИЈА) СНЕГ ЈА ЗАБЕЛЕА ПОПОВА ШАПКА: Есенската слика полека станува зимска
Снег повторно ја забелеа Попова Шапка, а планинските предели добија бела покривка. Фотографија од Конак Попова Шапка.

Снег повторно ја забелеа Попова Шапка, носејќи вистински зимски сцени на Шар Планина. Планинските предели добија бела покривка, а фотографиите и снимките од популарниот туристички центар потсетуваат дека зимата е сè поблиску. Снежните врнежи се најава за претстојната зимска сезона, која љубителите на планината и зимските спортови со нетрпение ја очекуваат.



