Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) РИЗИЧЕН ПОТЕГ ВО СКОПЈЕ: Се возеше фатен за задниот дел од автобус – и тоа на Рекорд!
Несекојдневна и опасна сцена во центарот на Скопје: маж се фатил за задниот дел од автобусот, кај моторот, и се возел низ градот.

Несекојдневна и опасна сцена е забележана во центарот на Скопје, каде што маж се фатил за задниот дел од автобус и се возел додека автобусот се движел низ градот, објави Скопје1.мк.
Според објавеното видео на порталот, младиот дечко се фатил за задниот дел од автобусот, во просторот каде што се наоѓа моторот, и на тој начин се возел низ централното градско подрачје.
View this post on Instagram
Ваквиот начин на возење претставува сериозен ризик за безбедноста, бидејќи лицето се наоѓало надвор од автобусот додека тој бил во движење.
