Скопје

ПО ПОЖАРОТ, СЕ ОГЛАСИ СОПСТВЕНИКОТ НА „BAKING BREAD“: Ова е причината за пожарот во познатата скопска сендвичарница на Рекорд

Сопственикот на „Baking Bread“, Мише Цвејевски, откри дека пожарот избувнал при рутинска промена на масло во фритеза. Нема повредени, а штетата е мала. Еве ги деталите!

ПО ПОЖАРОТ, СЕ ОГЛАСИ СОПСТВЕНИКОТ НА „BAKING BREAD“: Ова е причината за пожарот во познатата скопска сендвичарница на Рекорд

Сопственикот на познатата скопска сендвичарница „Baking Bread“, Мише Цвејевски, се огласи по пожарот што вечерва избувна во нивниот локал на Рекорд.

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО „BAKING BREAD“ НА РЕКОРД: Пожарникари и полиција пристигнаа во центарот на Скопје

Во објава на Инстаграм, Цвејевски информираше дека во пожарот нема повредени лица, а благодарение на брзата реакција на вработените и интервенцијата на пожарникарите биле избегнати поголеми последици.

„Фала Богу, никој не е повреден. Благодарение на обуката што ја имаат нашите вработени за вакви ситуации, нивната брза реакција, како и брзата интервенција на момците од Противпожарната бригада, избегнати се поголеми последици“, се наведува во објавата.

Како причина за пожарот е посочено мало невнимание при рутинската промена на маслото во една од фритезите.

Од „Baking Bread“ велат дека материјалната штета е мала и дека очекуваат локалот повторно да биде отворен за неколку дена.

Цвејевски реагираше и на коментарите на дел од порталите и социјалните мрежи дека пожарот наводно бил намерно предизвикан за наплата на осигурување.

„Сакаме јасно да кажеме дека Baking Bread нема да побара ниту еден денар од осигурителната компанија. Штетата е мала и ќе ја санираме сами“, порачаа од сендвичарницата.

Ова беше објавено на неговото Инстаграм стори: