Спорт

(ВИДЕО) ДАЛИ НОРВЕШКА БЕШЕ ОШТЕТЕНА? Норвежаните тврдат дека голот на Англија следувал откако топката удрила во кабел од камера

(ВИДЕО) ДАЛИ НОРВЕШКА БЕШЕ ОШТЕТЕНА? Норвежаните тврдат дека голот на Англија следувал откако топката удрила во кабел од камера

Норвешките фудбалери реагираа кај судиите по голот на Англија за израмнување во четвртфиналето на Светското првенство.

Тие тврдеа дека во акцијата пред погодокот топката удрила во кабелот на камерата поставена над теренот. По ударот на голманот Орјан Ниланд, топката добила необична траекторија, по што Англија ја освоила и ја започнала акцијата за голот на Џуд Белингем.

Според фудбалските правила, доколку топката допре опрема поставена над теренот, играта треба да биде прекината и продолжена со судиско потфрлање.

Судиите не забележале контакт со кабелот, па погодокот бил признат, а Англија израмнила на 1-1.

Од ФИФА соопштиле дека сензорот во топката не регистрирал доказ дека таа го допрела кабелот од камерата.

Англија на крајот славеше со 2-1 по продолженијата и обезбеди пласман во полуфиналето, додека спорната ситуација пред израмнувачкиот гол предизвика реакции кај Норвежаните.