Македонија

СОНЧЕВО И ТОПЛО ВО МАКЕДОНИЈА: Попладне локален дожд и ретки грмежи

Денеска времето ќе биде сончево и топло со температури до 32 степени. Попладне на места се очекуваат локален дожд и ретки грмежи.

СОНЧЕВО И ТОПЛО ВО МАКЕДОНИЈА: Попладне локален дожд и ретки грмежи

Температурите до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне на места ќе има повремен локален дожд, а ќе има услови и за краткотраен пороен дожд со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималните температури ќе се движат од 26 до 32 степени.

Во Скопје попладне можен дожд

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината се очекува повремен дожд, со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне околу 32 степени.