Македонија

ОД ДЕНЕСКА И СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ОХРИД: Ќе им помагаат на туристите за време на сезоната

Српски полицајци во Охрид од денеска ќе работат со македонските колеги и ќе им помагаат на туристите за време на сезоната.

ОД ДЕНЕСКА И СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ОХРИД: Ќе им помагаат на туристите за време на сезоната

Од денеска, 7 јули, припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија ќе работат заедно со македонските полициски службеници во Охрид.

Соработката ќе трае до 31 август 2026 година, во рамки на туристичката сезона, а целта е поголема безбедност и полесна комуникација со српските државјани кои престојуваат во Охрид.

Според објавеното, во Охрид ќе бидат ангажирани униформирани полицајци, како и еден крим-полицаец од српското МВР, кои ќе работат заедно со колегите од македонското Министерство за внатрешни работи.

Српските државјани кои ќе престојуваат во Охрид во овој период ќе можат да се обратат за информации и помош на телефонските броеви: 064/892-7140, 064/892-1348, 064/892-6876, како и кај крим-полицаецот на 064/892-2801.

Оваа практика се реализира врз основа на потпишан протокол за соработка во текот на туристичката сезона.

ОЗНАКИ: Охрид
Жан Митрев