Македонија

МВР СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КАНДИДАТИТЕ: Објавен јавен повик за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“

Средно полициско училиште „7-ми Мај“ распиша јавен повик за прием на 200 ученици во Полициската академија.

МВР СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КАНДИДАТИТЕ: Објавен јавен повик за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“

Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес да се запишат во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија. Повикот е објавен на 2 јули 2026 година.

Право на пријавување имаат ученици кои завршиле втора година средно образование во средните училишта на територијата на Македонија и ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени со закон.

Според јавниот повик, кандидатите треба да бидат државјани на Република Северна Македонија, да немаат навршено 18 години на денот на објавување на повикот, активно да го користат македонскиот јазик и да бидат здравствено и психофизички способни.

Средното полициско училиште се возобновува по пауза од 26 години, а новиот модел на образование ќе биде двегодишен, односно за трета и четврта година. Учениците ќе имаат теоретска настава, практични вештини и престој во интернат во рамки на Центарот за обука на МВР во Идризово.

МВР ги повикува заинтересираните кандидати навреме да ги проверат условите, потребната документација и роковите за пријавување, за да можат уредно да аплицираат за прием во училиштето.