Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) МВР СО ИДЕНТИФИКУВАЊЕ ПО ВОЗНЕМИРУВАЧКАТА СНИМКА ОД ГОСТИВАР: На двајца малолетници им се одземени пасошите

Полицијата идентификувала тројца осомничени за насилниот напад во Гостивар, чија снимка се прошири на социјалните мрежи. Според МВР, 22-годишниот А.В. пријавил дека на 2 август околу 02:30 часот, на улицата „Борче Јованоски“, тој и неговиот пријател Л.Е. биле нападнати од три машки лица. Во нападот биле употребени тврди и дрвени предмети.
По преземените полициски мерки биле идентификувани двајца малолетници од Гостивар, кои биле повикани на службен разговор, а по наредба на јавен обвинител им биле одземени патните исправи. Третиот осомничен е 20-годишниот В.Д. од Скопје, за кого е известено СВР Скопје за понатамошно постапување. За случајот бил известен дежурен јавен обвинител, а истрагата се води во координација со обвинителството.
View this post on Instagram
Од МВР најавуваат дека по целосното документирање, против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок и тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
