Магазин

(ВИДЕО) ХАРИ КЕЈН ЈА ПРОСЛАВИ ЗЛАТНАТА ТОПКА ВО НОЌЕН КЛУБ

Хари Кејн ја освои Златната топка, а успехот го прослави во Лондон со сопругата Кејти, мајката, братот и поранешните соиграчи.

(ВИДЕО) ХАРИ КЕЈН ЈА ПРОСЛАВИ ЗЛАТНАТА ТОПКА ВО НОЌЕН КЛУБ

Хари Кејн, капитенот на англиската репрезентација и напаѓач на Баерн Минхен, ја освои една од најпрестижните индивидуални награди во фудбалот на 33-годишна возраст. По церемонијата на доделувањето на „Златната топка“, англискиот голгетер го прослави успехот во Лондон со своите најблиски, а видеата од прославата брзо се проширија на социјалните мрежи.

Хари Кејн

Прославата на Хари Кејн продолжи со најблиските

Кејн ја прославил наградата со сопругата Кејти, родителите, братот Чарли и најблиските пријатели. На прославата присуствувале и поранешни соиграчи од Тотенхем, меѓу кои Ерик Дајер, Бен Дејвис и Мет Доерти, кои дошле да го одбележат неговиот успех. Според медиумските извештаи, Кејн сакал да ја сподели радоста со луѓето кои го поддржувале низ кариерата.

 

Емотивен говор за сопругата Кејти

Во говорот при доделувањето на наградата, Кејн посебно ѝ се заблагодарил на сопругата, нарекувајќи ја своја најголема поддршка. „Таа е мојата најголема поддршка, мојата најдобра пријателка. Заедно поминавме низ подеми и падови“, рекол Кејн, нагласувајќи дека признанието има уште поголема вредност кога може да го сподели со семејството. Видеата од прославата, на кои фудбалерот танцува со мајка си и сопругата, предизвикаа бројни позитивни реакции на интернет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @katekanex

ОЗНАКИ: Хари Кејн