Дознај прв
НОВИ ПРОВОКАЦИИ ПРЕД РАКОМЕТНОТО ДЕРБИ: Чкембари поставија знаме „Комити“ со боите на ЛГБТ-виножитото на влезот во Скопје

Навивачката група Чкембари од Битола изведе герила акција во раните утрински часови во Скопје, непосредно пред претстојното ракометно дерби. Во 2:30 часот по полноќ, тие поставија знаме во боите на ЛГБТ-виножитото, на кое беше испишано „Комити“. Фотографијата од акцијата ја објавија на социјалните мрежи, заедно со провокативна порака: „На вашиот град убаво му стои…“. Целосно погледнете ТУКА.
Ова е уште една во низата меѓусебни провокации меѓу двете навивачки групи во пресрет на дербито. Тензијата расте пред дуелот, а останува да се види каква атмосфера ќе има на трибините. Домашната навивачка група Комити, пак, најавија спектакл со кореографија низ целата сала.
Комити и претходно го најавија мечот:
View this post on Instagram
Ние и претходно објавивме за мечот:
ВАРДАР ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР ВО НЕДЕЛА: Пуштени во продажба билетите за големото ракометно дерби
