Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) КОНВОЈ СО ВОЗИЛА И РАЗВЕАНИ ТУРСКИ ЗНАМИЊА: Турците синоќа правеа дефиле низ скопските улици, скандирања пред Џевахир

Млади Турци синоќа организираа конвој со возила низ улиците на Скопје, при што од автомобилите се вееја турски знамиња, а се слушаа музика и скандирања. Се славеше Денот на републиката – 29 октомври. На социјалните мрежи беа објавени видеа од дефилето, на кои се гледаат возила со развеани турски знамиња. Дел од учесниците застанале и пред кулите Џевахир, каде што продолжиле со скандирања.
Во една од објавите се наведува дека дефилето се одвивало низ историските улици на Скопје, град во кој Отоманската империја владеела 500 години. Во истата порака се споменуваат историски личности како Мете Хан, Кјуршад, Алпарслан и Фатих. Погледнете ги снимките од синоќешното дефиле кои предизвикаа внимание на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
