Дознај прв
(ВИДЕО) ЈАНЕВСКА ВО „СТИВ НАУМОВ“: Министерката објави видео од посетата, тврди дека студентите имаат одлични услови
Весна Јаневска објави видео од посетата на студентскиот дом „Стив Наумов“ и тврди дека 1.150 студенти имаат одлични услови.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска објави видео од посетата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, по обвинувањата од СДСМ за лошата состојба во објектот.
Во видеото таа ги покажува просториите во домот и тврди дека студентите имаат одлични услови за престој.
„Нема распаднати ѕидови и протечени кровови, има одлични услови“, порача Јаневска.
View this post on Instagram
Според неа, на посетата биле поканети и претставници на СДСМ, но тие не присуствувале. Во домот моментално престојуваат 1.150 студенти, а министерката најави и отворање на вториот реновиран студентски дом. Таа посочи дека евентуалните технички проблеми се санираат од изведувачот, бидејќи објектот е под гаранција.
Инаку, пред само еден месец студентскиот дом беше реновиран „од корен“.
СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ БЛЕСНА ВО ПОЛН СЈАЈ: Пуштен во употреба по темелната реконструкција
