Спорт

(ВИДЕО) ВАРДАР ГО ГО ДЕКЛАСИРА ПЕЛИСТЕР: „Црвено-црните“ славеа со убедливи 31:23 во дербито

Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 31:23 во дербито од 9. коло во Суперлигата и ја запиша деветтата победа сезонава.

(ВИДЕО) ВАРДАР ГО ГО ДЕКЛАСИРА ПЕЛИСТЕР: „Црвено-црните“ славеа со убедливи 31:23 во дербито
фото 24 часа

Вардар 1961 ја забележа деветтата победа во исто толку натпревари во ракометната Суперлига, откако вечерва го совлада Еурофарм Пелистер со убедливи 31:23 во дербито од деветтото коло. Во првата сезонска пресметка на вечните ривали, домашниот тим во СЦ „Јане Сандански“ покажа дека во моментов е поквалитетен и поподготвен противник.

Вардар го контролираше натпреварот

Дуелот донесе и интересна тренерска пресметка меѓу Иван Чупиќ и Лино Червар, ученикот и учителот, но на теренот доминираа „црвено-црните“. Вардар го диктираше темпото во текот на првото полувреме и на паузата замина со предност од 15:12.

Целосна доминација во вториот дел

По одморот, домашните ракометари дополнително ја зголемија предноста и целосно го надиграа битолскиот состав, стигнувајќи до убедлив триумф од 31:23. Најефикасен во победничкиот тим беше Леон Љевар со седум погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер најдобар стрелец беше Филип Кузмановски со девет гола. Со оваа победа Вардар го задржа максималниот учинок и по девет одиграни кола има девет победи.

 

Standings provided by Sofascore