Македонија
Дознај прв
Стојаноска: ВЛЕН одигра во корист на ДУИ, исто како и СДС и Левица

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, ја обвини коалицијата ВЛЕН дека на изборите во Брвеница одиграла во корист на ДУИ, наместо да покаже дека политички се разликува од оваа партија. Во гостување на централниот дневник на Сител телевизија, таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека ВЛЕН настапила со сопствен кандидат.
Според Стојаноска, во вториот круг ВЛЕН одлучила да застане зад кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Аркин Јахија. Таа оцени дека со таквиот потег коалицијата ги раштркала гласовите во корист на ДУИ.
„Мислам дека ја одиграа улогата на тројански коњ и одиграа за ДУИ, односно ги раштркаа гласовите од гласачкиот базен“, изјави Стојаноска, посочувајќи дека истото го направиле и СДСМ и Левица. Таа смета дека изборите во Брвеница нема да бидат тест за стабилноста на владината коалиција, туку дека вистинскиот тест е реализацијата на владината програма.
Се огласи и првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски.
МИЦКОСКИ ПО ПОРАЗОТ ВО БРВЕНИЦА: „Сами против сите, тие со националната карта и по некој тројанец“
